Новооткритият паметник на Цар Самуил е тема и за медиите в Македония.
Съседите разказват и за тукашните дискусии за монумента. Изтъкват значително по-ниската му цена в сравнение с паметника на цар Самуил в Скопие, както и светещите очи.
Предлагаме ви материала от сайта "Плусинфо" в оригиналния му вид:
Бурни реакции предизвика веста дека во Бугарија споменикот на цар Самоил чини 50.000 евра, наспроти цената од 1,5 милиони евра што ја платија македонските граѓани за споменик кој сега се преместува од едно на друго место низ плоштадот во Скопје.
Спомениците се изработени од различен материјал и затоа не се споредливи, но сепак останува фактот за кој многумина веќе се изјаснија, дека споменикот во Скопје е со неразумно висока цена.
- Мермерот не е рачно изработен и оттука прашањето зошто овој споменик е толку скап. Ова е машинска изработка, па дури, во тој случај под знак прашалник е и авторството, иако машинската изработка е направена врз основа на цртежи. Но дефинитивно, кај нас, се што се правеше е преплатено - вели Донка Барџиева, експерт за културно наследство.
На социјалните мрежи револтираните граѓани поставуваат слики од споменикот во Бугарија и во Македонија, при што под едниот пишува 50.000 евра, а под другиот 1,5 милиони евра. Граѓаните коментираат: „Има разлика“.
Бугарските уметници, кои пак, многу ја критикуваат старомодноста на споменикот во Софија, „за наша утеха“ порачуваат дека кичот во Скопје е подобар. На Бугарската телевизија, доцент Раина Гаврилова била запрашана за споредба за поставувањето споменици во Софија со „бетонските споменици во Скопје, кои никнуваат како печурки, а меѓу кои е и оној на бугарскиот цар“ за што таа изјавила: „Тие си личат како деца од едно семејство“. На ова, во истата емисија, уметникот Недко Солаков додал: „Со таа разлика што кичот таму е подобро изведен“.
Споменикот во Скопје е изработен од бел мермер, со висина од 5 метри, поставен на постамент изработен исто така од бел мермер, со висина од три метри. На постаментот се поставени и бронзени релјефи, а автор на делото е Димитар Филиповски.
Споменикот во Софија е изработен во бронза, висок е 4 метри, а поставен е на постамент од 2 метра. Овој споменик не е изработен од пари од бугарскиот државен буџет, туку е донација од фондацијата „Бугарска меморија“ која изнесува 100.000 лева, односно 50.000 евра.
И споменикот во Софија беше мета на бројни критики од тоа дека врз него се градат политички поени, па дека не му е местото во триаголникот меѓу базиликата „Св. Софија“, катедралата „Св. Александар Невски“ и зградата на Светиот синод, па се до најострите коментари во врска со очите кои се изработени од полудраги камења и кои вчера ноќта прв пат засветеа! Критичарите остро се спротивставуваа на идејата очите на цар Самоил да светат наспроти неговите ослепени војници, а авторот на делото Александар Хаитов идејата ја бранел со зборовите дека очите што светат го претставуваат внатрешниот оган на цар Самоил и тие светат и за ослепените војници.
На сите критики, претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски, пак, одговори дека ова е еден од најтранспарентните процеси. Тој потенцираше дека Општина Софија направила социолошко истражување, според кое, 85 проценти од граѓаните се „за“ еден таков монумент и дека потоа се направил конкурс, а експертско жири бирало меѓу 21 проект.
Спомениците од проектот „Скопје 2014“, пак, се поставуваа дури и ноќе и тајно. Најмногу реакции предизвикаа цените за кои власта никогаш отворено не зборуваше. Она што особено ги изреволтира граѓаните е што споменикот на цар Самоил само по 4 години откако беше поставен, со народни пари се дислоцира за плоштадот да добие нов изглед.
* Заглавието е от публикацията на "Плус инфо"